Рестораните во Чешка повторно работат, отворени границите за седум земји
– Чешките власти од денеска овозможија отворање на рестораните, како дел од ублажувачките мерки против Ковид-19. Тоа го најави министерот за здравство Адам Војтеч.
Тој оцени дека отворањето на угостителските објекти во затворен простор е побрзо од планираното.
Чешка ќе ги отвори своите граници за граѓани на седум земји – Словачка, Унгарија, Полска, Словенија, Хрватска, Австрија и Германија, согласно реципрочните договори.