Со нож тешко ранета полицајка во близина на Нант

– Општинска полицајка денеска претпладне е сериозно повредена во напад со нож во Ла Шапел-сур-Ердр, во близина на Нант. Во потрагата по напаѓачот, кој побегнал со службеното оружје на полицајката, беа вклучени 240 припадници на жандармеријата и два хеликоптери. Осомничениот бил уапсен жив, но последните информации говорат дека починал, додека, тројца жандарми се ранети по престрелката со него, јави дописникот на МИА

Според полициски извор, ранетата полицајка е во животна опасност.

Националната жандармерија на Твитер даде директива да се избегнува секторот и строго да се почитуваат упатствата на жандармеријата. Во градот, неколку продавници, исто така, беа евакуирани, а околните училишта дополнително обезбедени.

Напаѓачот е  Ндиага Диеје ( 40) во Сант Назер. Тој им бил познат на службите поради насилство врз силите на редот и радикализација.

Министерот за внатрешни работи се очекува да пристигне на местото на нападот.

Ова е трет напад врз припадник на француските полициски сили во последните неколку седмици.

Back to top button
Close