Благоја Милевски избран за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација
Милевски во моментов е предводник на репрезентацијата до 21 година.

Претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, се заблагодари на досегашната соработка на Ангеловски и рече дека тој самиот го најавил неговото повлекување од селекторското место и дека по завршувањето на Европското првенство ќе бара нови предизвици во својата кариера.
„Сега е време ние да ја почитуваме неговата одлука и да ја покажеме нашата благодарност за неговата работа и страст во сите овие години на чело на македонската А репрезентација. Визијата за нашата фудбалска иднина со Благоја Милевски на местото селектор на македонската А репрезентација е кристално јасна. Тој е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и уверени сме дека тој пат мора да продолжи“,
вели Сејдини.
Сејдини вели дека на Милевски му е даде доврбата да ја предводи репрезентацијата поради неговиот карактер, работната етика и човечките квалитети.
„Македонската А репрезентација ќе ја предводи селекторот Благоја Милевски кој ја создаде златната генерација македонски фудбалери која беше меѓу 12-те најдобри селекции во Европа и фудбалери кои веќе неколку години се дел од нашиот најдобар национален тим. Веруваме во неговите квалитети и убедени сме дека ќе продолжи со успех да ја предводи и А репрезентацијата. Уште повеќе затоа што на секоја разумна и личност со вистински вредности му докажа каков човек е и каков тренер е“,
вели Сејдини.
На седницата на управниот одбор на ФФМ била донесена одлука за назначување на Драган Канатларовски за селектор на македонската репрезентација до 21 година.






