Еуро 2020: Белгија го елиминира европскиот првак Португалија со само еден гол

На стадионот Ла Картуха во Севиља, белгија и Холандија се бореа за влез во четтвртфиналето. Двата тима уште на самиот старт тргнаа во офанзива.

Во 25 минута, Роналдо прецизно шутираше кон мрежата од слободен удар, но голманот Куртоа одлично го прочита и спречи сигурен гол со раце. португалците добро поставени на средина на теренот, во случај белгијците да тргнат кон нивната половина. одлични беа и во офанзивата и дефанзивата.

Во 42-та минута, играчот од средина Торган Назард ја изненади Португалија, се намести и со одличен шут го совлада Ру Патрицио за 1-0 за Белгија. Португалците вакви ситуации може само да ги мотивираат да го засилат нападот и да дојдат до победа.

Во второто полувреме, португалците агресовно во напад да дојдат ддо израмнување. Ниту две замени не и го подобри нападот, ниту вториот слободен удар на Роналдо. Му се брзаше на веропскиот првак, а секој напад беше проследен со фаули од белгијците кои и на моменти ги газеа португалците за да ги спречат во напад.

Нервозата на португалците зовре кон средината на полувремето. Пепе заработи жолт картон кога го собори Лукаку. Не им успеваше на поругалците да упатат удар кон голот. Прекршоците од страна на португалците кон белгијците зачестија. Не беа ниту блиску барем да изнудат пенал кој б ги извадил од ситуацијата да бидат елиминирани. Не можеа да развијат акција, да создадат шанса, изнудија два корнери, а последниот корнер беше одлична можност да се спасат, но Дијашбиеше директно во голманот Куртоа кој ја избоксува над голот. Гереиро повторно ја погоди левата статива.

Роналдо изнуди трет корнер, а белгијците не изведоа ниту еден. Лукаку тргна силно сам кон голот, но беше спречен. Двапати беше изблокиран, а на португалците им е брзаше за тој долго посакуван гол. Имаше шанса Роналдо, но никако не можеше да го совлада Куртоа кој секогаш му се поставуваше точно на патот да го спречи. Караско имаше најдобра можност за втор гол, но се испоплетка пред самиот гол и премногу чекаше за удар.

Во петте дополнителни минути, Караско повторно промаши шанса за втор гол. Но, и без тоа, Белгија оди напред и ја чека Италија на Алијанц арената во Минхен во петок на 2 јули.

Back to top button
Close