Ѓоковиќ со загубен сет ја почна одбраната на трофејот во Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја почна денеска одбраната на титулата на турнирот во Вимблдон со победа во четири сета, 4:6, 6:1, 6:2, 6:2 над Британецот Џек Драјпер
За победа над 253 – рангираниот тенисер на АТП листата на Ѓоковиќ му беа потребни два часа.
Британскиот дебитант на грен-слем турнирите во третиот гем од првиот сет направи брејк и ја зачува предноста за да поведе со 1:0 во сетови, по што Ѓоковиќ го крена нивото на игра и со по два брејка во следните три сета обезбеди пласман во второто коло.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде победникот од дуелот меѓу Чилеанецот Марсело Вера и Кевин Андерсон од Јужна Африка.






