Евертон потпиша тригодишен договор со Бенитез

Поранешниот тренер на Ливерпул, Челзи и Њукасл, 63-годишниот Рафа Бенитез, се врати во англиската Премиер лига и од идната сезона ќе седи на клупата на Евертон.

Премиерлигашот од Ливерпул соопшти попладнево дека потпишал тригодишен договор со шпанскиот стратег.

– Назначувањето на Бенитез доаѓа по тринеделна робустна и сеопфатна постапка на регрутирање – процес што опфати повеќе разговори со неколку кандидати, се наведува во клупското соопштение.

Евертон ќе биде четвртиот англиски клуб во богата тренерска кариера на Бенитез, по Ливерпул (2004-2010), Челзи (2012-2013) и Њукасл (2016-2019).

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Валенсија и Наполи, ја освои Лигата на шампиони со Ливерпул во сезоната 2004/05, а на Челзи му го донесе трофејот во Лига Европа во 2014 година.

Евертон на крајот од минатата сезона го напушти Италијанецот Карло Анчелоти, кој се врати на клупата на Реал Мадрид.

Back to top button
Close