Еуро 2020: Италија е вториот полуфиналист, ја победи Белгија со 2-1

Шпанија нестрпливо го чекаше исходот на натпреварот на Алијанц арената во Минхен помеѓу Италија и Белгија, за да го дознае противникот. Аѕурите подобри на теренот од Белгија во почетните минути, Бонучи ја погоди мрежата во 13-тата минута, но тој гол беше поништен поради офсајд. Многу шанси имаа италијанциуте за погодок.
Николо Барела во 31-та минута го отвори резултатот. по одземената топка во шеснаесетникот на Белгија, Барела од левата страна со сителн шут ја смести топката во мрежата, иако еден играч од италијанците остана да лежи пред голот.
Лоренцо Инсиње мајсторски со удар од далечина го зголеми водството на 2-0 во 44-тата минута по асистенцијата на стрелецот на првиот гол. Топката буквално прелета покрај голманот Куртоа. Во дополнителните 4 минути, Белгија изнуди пенал по прершокот на Ди Лоренцо врз Доку и Ромелу Лукаку го намали водството на 2-1.
Во второто полувреме, Италија решена да го задржи водството и да го зголеми, Белгија, да го израмни. Меѓусебните фаули зачестија. Во 60-тата минута, Спинацола го спречи Лукаку да постигне израмнување во речиси празна мрежа. Се сплетка Лукаку, ја шутна топката, а Спинацола со колено ја погоди левата статива пред празен гол. Во секој случај, ова ќе беше или гол или автогол и посакуваното израмнување за Белгија и само среќа ја спаси мрежата на Италија. Спнацола дојде до можност за гол, но во преголемо брзање шутна покрај голот и самиот тој влета во мрежата. Се обидуваа и со волеј, но немаа среќа.
Како по некое правило во сите натпревари во четвртфиналето, во второто полувреме нервозата работи кај двата тима кои играат. И тука не изостана видната нервоза кај играчите. Аѕурите нервозни што не може да постигнат уште еден гол, белгиците што не можат да дојдат до израмнување. Во 70-тата минута, Лукаку не успеа да ја фати топката со глава по додавање, а Хазард со пета ја шутна спротивно од мрежата. Белгиците со три замени на играчи од средината, не може да ја погодат мрежата. И Италија направи три замени. Доку пред самиот крај, успешно се протна меѓу италијанците, но не успеа да упати прецизен шуткон голот. Добро внимаваа на него италијанците.
Во дополнителните минути, белгиците не можеа да дојдат до иарамнување. Италија ја чека Шпанија во полуфиналето.






