Еуро 2020: Италија е европски шампион, на пенали ја совлада Англија

На стадионот Вембли, репрезентациите на Англија и Италија се бореа за титулата европски првак. Врнежливото време не спречи пед Вембли да излезат илјадници обоаватели, но и оние кои немаат билет. Тие одлучија да го искористат малиот број обезбедувачи и полициски сили на неколку контролни пунктови и физички се судрија со нив во обид да влезат на стадионот, а некои успеаја и во тоа.
Ова е историски момент за Англија, бидејќи за првпат ќе игра во едно финале на Европско првенство. И никогаш не ја подбедила Италија. Во втоарта минута, преку одлична акција, Лук Шо со удар од далечина ја доведе Англија во водство од 1-0. Трипие нафрли од десната страна, а играчот од средина Лук Шо се најде осамен на вториот дирек и со прецизен волеј го матираше Донарума. Шо го постигна најбрзиот погодок во финален натпревар во историјата на европските првенства.
Тоа не ги исплаши азурите. не ја засилија одбрана, но внмателни беа во блокирањата на противнкот. Во 35-та минута Киеза имаше одличен продор, но биеше само покрај стативата. Англичаните делуава поспремни, а италијанците како да го чекаа второто полувреме. Иако статистички имаа подобар посед на топката, не брзаа многу кон голот и не упатуваа директни удари. Најопасен кај арите беше Киеза, но добро беше следен од англичаните. Дополнителни 4 минути имаше првото полувреме.
Во второто полувреме, Стерлинг имаше шанса за гол, но и можен пенал, но беше изблокиран од Бонучи. Инсиње биеше од слободен удар директно крај голот. Киеза мајсторкси се пробиваше меѓу противниците, а Пифорд успеа да одбрани сигурен гол. Во 66-тата минута играчот од обраната Леонардо Бонучи со глава го врати натпреварот на почеток, го матираше Пикфорд за израмнување. Ова беше таа шанса што италијанците ја чекаа и ефективно ја реализирааво гол, а англичаните премногу се опуштија во одбраната и тоа Бонучи го искрости во карамболот пред голот да го совлада Пикфорд. Земаа залет италијанците по ова израмнување.
Тргнаа и англичаните фуризоно, као да ги освести израмнувањето. Берарди успеа да истрча пред англискте стопери, но биеше високо над голот. Се поопасни стануваа италијанците во обид да дојдат во втор гол. Киеза најопасен во нападот, се лизгаше меѓу противниците. Во поседните минути, обезбедувањето реагираше откако еден од навивачите истрча на теренот, по што играта беше за кратко прекината. Стерлинг најефикасен во тимот на гордиот албион, слично на Киеза и тој мајсторски се пробиваше кон голот. Во дополнителните шест минути, двата тима засилено напаѓаа.
Следуваа двете продолженија од по 15 минути.
Во првото продолжение, Стерлинг повторно сам кон голот, но беше спречен од Киелини. Манчини и Саутгејт извршија по една измена. Белоти имаше шанса за гол, но не успеа да ја дофати топката и да ја смести во мрежата, на голема среќа на голманот Пикфорд. Дополнителната една минута не донесе удари кон голот.
Во второто продолжение, падна и првиот жолт картон за англичаните за Хари Мекваер. Бернардески прецизно биеше од слободен удар, а Пикфорд успешно одбрани. И англичаните имаа можност да возвратат, но Доњарума успешно спречи Стоунс да не ја дофати топката со глава и да упати удар. Нападнаа жестоко англичаните, но италијанците добро ги блокираа, не дозволувајќи да упатат удар кон голот. Жоржињо направи фаул врз Грилиш, па играта за кратко беше прекината. И двете репрезентации како да чекаа пенал серија. Дури ни замените и дополнителнте три минути не овозможија зрели шанси за гол.
И вторпати во историјата на веропските првенства се одеше на пенали за титулата. Први шутирааа италијанците. Прецизно биеше Берарди за водство. за англичаните биеше Кејн, и тој прецизно, иако Доњарума го процени добро, но ударот беше пресилен. Втор пенал за италијанците биеше Белоти, но Пикфорд го одбрани ударот. За Англија биеше Мекваер и погоди. За Италија трет пенал шутираше прецизно Бонучи, иако Пикфорд го процени каде е шутира. Четврт пенал за Англија шутираше Рашфорд, и биеше минимално покрај голот. За Италија, петиот пенал го шутираше Бернардески прецизно, а Англија биеше Санчо, но Доњарума го одбрани. Последниот пенал за азурите го биеше Жорињо и Пикроф одбрани. Сака биеше за Англија, Доњарума одбрани и Италија е европски шампион. Трите промашени пенали скапо ја чинеа Англија.
Финалето го следеше кралското семејство војводата и вотвотката од Кембриџ, Вилијам и Кејт со нивниот син Џорџ, Том Круз, Дејвид Бекам, макенеката Кејт Мос и премиерот Борис Џонсон.






