Косово последен противник на македонските кошаркарки на ФИБА купот во Скопје

Македонската женска кошаркарска репрезентација под 20 години денеска против Косово ќе се обиде со победа да го заврши настапот на ФИБА „Челенџер“ купот во Скопје, откако „црвено – жолтите“ синоќа го забележаа и третиот пораз со високи 75:44 од Словачка
Македонските кошаркарки одржуваа резултатска неизвесност во натпреварот во првите две четвртини и на полувреме имаа негатива од минус четири поени (31:35).
Словачка, која има максимален ефект на турнирот во Скопје, го скрши отпорот на македонската репрезентација во третата четвртина во која дојде до недостижна предност од плус 20 поени (58:38).
Македонските кошаркари на вечерашниот дуел против Косово со почеток од 21 часот ќе бидат без крилниот центар Матеја Николиќ, која нема да настапи поради повреда на листот на ногата.






