ОИ: Член на МОК позитивен на коронавирус

 

Претседателот на Јужнокорејската пингпонгарска федерација и член на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Ру Сонг-Мин бил позитивен на коронавирус по пристигнувањето во Токио, а заразен со Ковид-19 е и член на олимписката делегација на Чешка.

Сонг-Мин, кој е вакциниран, имал два негативни тестови пред заминувањето за Јапонија, меѓутоа, при пристигнувањето на токискиот аеродром Нарита добил позитивен наод на Ковид-19.

Поранешниот олимписки првак во поединечна конкуренција од Атина 2004 и сопственик на два медали во екипна конкуренција, бронза од Пекинг 2008 и сребро од Лондон 2012, нема симптоми на болеста и е сместен во самоизолација во хотел во Токио.

Позитивен на коронавирус по пристигнувањето во јапонската престолнина е и член на чешката олимписка делегација.

– За жал, и покрај сите мерки, не можевме да ја избегнеме оваа ситуација, изјави шефот на чешкиот олимписки тим Мартин Дктор.

– Сите други членови беа негативни на коронавирус и сите спортисти се чувствуваат добро и веќе се сместени во олимпиското село, додаде поранешниот чешки кајакар, кој освои два златни медали во спринт на мирни води на Олимпијадата во 1996. 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close