Словенецот Погачар по втор пат победник на Тур де Франс

Словенецот Тадеј Погачар по втор пат е убедлив победник на Тур де Франс, по денешната за него формална етапа на Елисејските полиња, јави дописникот на МИА.

Во финалниот пласман Погачар ги победи Данецот Јонас Вингегард и Еквадорецот Ричард Карапаз, кои за првпат се најдоа на подиумот.

Разликата меѓу првите двајца, е над на пет минути, и досега е најголема од 2014 година.

Словенечкиот велосипедист на својата држава и го донесе вториот трофеј во 108 изданија на престижниот Тур де Франс

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close