Кина ги отфрли обвинувањата за вмешаност во хакерски напади

– Кинеските власти ги оценија денеска како измислени обвинувањата на САД и другите земји дека Пекинг извршил хакерски напад врз компјутерскиот гигант „Мајкрософт“ и покренал големи кибер напади.

Вашингтон и неговите сојузници вчера ја оценија како „злонамерна“ кибер активноста на Пекинг, кој е обвинет за хакерскиот напад во март врз групата „Мајкрософт“.

САД, Европската унија, Велика Британија, Нов Зеланд, Јапонија, Австралија, НАТО и Канада во одделни изјави ја повикаа Кина да дејствува „одговорно“ во кибер просторот.

Кинеските власти денеска категорично демантираа вмешаност во хакерски напади.

– Таа акција е измислена … Тоа е кампања на клевети и притисок, која е целосно политички мотивирана, изјави портпаролот на кинеската дипломатија, Жао Лиџијан, додавајќи дека САД се главниот извор на кибер напади низ светот.

Back to top button
Close