Привремениот шеф на бугарската дипломатија, Светлан Стоев, на брифинг ќе зборува за гласањето на изборите во странство и за односите меѓу Софија и Скопје

Привремениот бугарски министер за надворешни работи, Светлан Стоев, денеска ќе оддржи брифинг за медиумите, на кој ќе ја анализира организацијата на изборите во странство и предлозите на неговото министерство за изборниот процес, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, привремениот шеф на бугарската дипломатија  ќе ја разгледа и моменталната состојба во односите со Република Северна Македонија.

Back to top button
Close