Црна Гора воведува привремена забрана за работа на дискотеки и клубови
Во фокусот на Дирекцијата за инспекциски работи ќе биде контролата на собирите на отворено и изведување музика во живо во градините на локалите. Доколку продолжи трендот на прекршување, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување, пишува весникот.
Црна Гора бележи пораст на бројот на новоинфицирани, 65 во четвртокот. Вкупниот број заразени моментално изнесува 421.