Во Сирија се вратиле повеќе од два милиони бегалци
Повеќе од два милиони сириски граѓани се вратија во својата татковина, изјави денеска шефот на Рускиот национален центар за државна одбрана, генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој е и шеф на Заедничкиот координативен центар за бегалците што се враќаат во Сирија.
– До денеска, повеќе од 2.278.000 сириски граѓани се вратија во своите домови, над 1.362.000 се внатрешно раселени лица, а над 915.000 бегалци се дојдени од странство, рече Мизинцев на состанокот на Заедничкиот координативен центар на кој присуствуваа руски и сириски претставници.
Тој информира и дека се поставени десет контролни пунктови, кои работат дење и ноќе за да го олеснат враќањето на бегалците.