Русија, Таџикистан и Узбекистан заеднички ќе вежбаат упад на банди од Авганистан

Повеќе од 1.500 војници од Русија, Таџикистан и Узбекистан од 5 до 10 август ќе учествуваат во заеднички воени вежби на полигонот Карб-Мајдон, на 20 километри од границата со Авганистан, соопшти прес-службата на рускиот Централен воен округ.

„Вкупно, повеќе од 1.500 војници и околу 300 парчиња оружје и воен хардвер од трите земји ќе бидат вклучени во тактичките вежби“, пренесува прес-службата, пренесува Тасс.

Војниците ќе вежбаат „спречување упад на забранети вооружени банди и елиминирање радикални терористички групи“, се додава во соопштението.

Шефот на таџикистанската дипломатија, Сироџидин Мухридин изјави дека нивната влада не може да го одреди точниот број на бегалци од Авганистан што е подготвена да ги прифати и дека стравува дека со нив во земјата може да влезат и приврзаници на терористичките исламистички групи.

Back to top button
Close