Начевски и Николов ќе делат правда на ракометниот Супер куп на Македонија
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се арбитрите за вечерашниот ракометен Супер куп на Македонија помеѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер
Арбитрите кои го судеа натпреварот помеѓу Франција и Данска во финалето на овогодинешните Олимписки игри во Токио, се пред нов предизвик кој што е и првиот официјален натпревар во новата сезона.
Натпреварот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.