Салех се прогласи за в.д. претседател на Авганистан, повика на отпор

Amrullah Saleh (ehem. Leiter des National Directorate of Security, Afghanistan)

Авганистанскиот потпретседател Амрула Салех денеска се прогласи за вршител на должноста претседател на државата и повика на отпор против талибанците.

Тој прецизира дека според Уставот се смета за в.д. претседател, имајќи предвид дека досегашниот претседател Ашраф Гани избегал од земјата.

– Според Уставот на Авганистан, во случај на отсуство, бегство, оставка или смрт на претседателот, првиот потпретседател станува вршител на должноста претседател. Моментално сум во земјата и јас сум легитимен в.д. претседател. Ги повикувам сите лидери во земјата да ме поддржат со консензус, напиша Салех на Твитер.

Тој апелираше за „обединет отпор“ против талибанците и вети дека никогаш нема да потклекне пред милитантите.

Во меѓувреме, силите на Салех ја вратија контролата врз областа Чарикар во провинцијата Парван.

Десет илјади војници, вклучувајќи ги и силите на генералот Абдул Рашид Дустум, се движат кон Панџшер во војна против талибанците.

Низ Чарикар минува стратешки важен автопат поминува низ тунелот Саланг, кој ги поврзува Кабул и Мазари Шариф, најголемиот град во северниот дел на Авганистан

Back to top button
Close