Во Турција откриен најстариот мозаик во светот
Мозаик направен пред 3.500 години, е откриен во областа Јозгат – средишната Турција. Мозаикот, составен од 3.147 камења, а со површина – три на седум метри, е пронајден кај местото Усакли Хојуку во округот Соргун, каде што 2008 година почнаа површински истражувања и, ископувања во 2012 година, пренесува Агенција Анадолија.
![]()
Се чини, се работи за историски најстариот мозаик пронајден досега. Според Хусеин Чифтчи, областен директор за култура и туризам, мозаикот е постар од оние откриени во Грција. Доц. д-р Анаклето Дагостино, од Универзитетот на Пиза и предводник на тимот за ископувања, смета дека мозаикот е од 16. век пр.н.е.
Заедничките ископувања ги спроведуваат Генералниот директорат за културно наследство и музеи во Турција, Универзитетот Бозок и италијанскиот Универзитет на Пиза.
– Научните испитувања покажаа дека мозаикот е прв ваков во историјата. Мозаичниот калап го потврдува ова, бидејќи е доста оригинален. Планираме да го вклучиме ова место во туристичките понуди, рече Чифтчи.
Мозаикот е стара добро позната техника на сликање, којашто се изведува со редење шарени, повеќе или помалку доследно наредени коцки од камен, обоено стакло или ќерамика.






