Владата Рама 3 ја положи заклетвата во кабинетот на Мета
Денеска во кабинетот на албанскиот претседатрел Илир Мета, новата влада на премиерот Еди Рама положи свечена заклетва во согласност со уставот на државата .
Владата Рама 3, ја сочинуваат премиерот Еди Рама ,кој и во изминатите 2 мандати беше премиер на социјалистичката влада и 16 министри. Оваа трета влада на лидерот на албанските социјалисти Еди Рама ја сочинуваат од 16 министри од кои дури 12 се жени .
И покрај тоа што пред неколку месеци имаше тензии помеѓу претседателот на државата Илир Мета и премиерот Еди Рама по што Мета во една изјава нагласи дека нема да признае владата на Рама бидејки како што рече парламантарните избори на 25 април биле недемократски и изманипулирани , сепак Мета пред да истече рокот за свечени заклетни на членовите на владата Рама 3, денеска даде зелено светло за социјалистичката влада . Албанските медиуми оценуваат дека во меѓувреме ,,кавдата на претседателот Мета и премиерот Рама е надмината под притисок на межународниот фактор,, .
По свеченоста на давањето на заклетва премиерот Еди Рама пред новиоит состав на владата изјави дека -Секој министер треба да знае дека нема веке патувања во бизнис класа или вечери во ресторани во работни денови – притоа најавувајки максимално еконономично работење на владата во наредните 4 години . Рама повторни уште еднаш дека соработката со опозицијата е отворена во интерес на Албанија.
Лидерот на опозицијата Лулзим Баша одби соработка со владата Рама 3 и најави политичка пресметка со Рама и соборување на новата влада .
К. Мимидиноски