Спасовски во Арачиново: Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ – црн споменик на корупцијата

Потпретседателот на СДСМ ги нападна политичките противници, посочувајќи на периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и апелирајќи „да не дозволиме режимот да оживее“

 

ВМРО-ДПМНЕ вложи 700 милиони евра во споменици, наместо да градат училишта и болници. Затоа да не дозволиме режимот да земе воздух и да оживее, рече Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ, на вечерашниот митинг во Арачиново.

„Да продолжиме заедно и сложно. Тие градеа партиски музеи, партиски цркви и џамии и како круна на лудилото ја изградија белата палата како црн споменик на корупцијата. Тие поттикнуваа меѓуетнички тензии, раздор и омраза“, рече Спасовски.

На митингот зборуваше и градоначалничката на Арачиново, Милкије Халимиие, кандидатка на СДСМ и на овие избори.

Според Спасовски, Арачиново е пример дека концептот „Едно општество за сите“ не е само зборови

 

„Во општина Арачиново говориме со конкретни дела и работа и така ќе продолжиме уште посилно во вториот мандат. За првпат во Арачиново градиме градинка за нашите деца, ќе изградиме основно училиште и тоа едно во Арачиново и друго во Мојанци“,
рече Халимие.

Спасовски рече дека Владата од централниот буџет ги раздолжила општините, посочувајќи дека СДСМ вложува во реални и видливи проект.

„Ја зголемивме минималната плата за над 6 000 денари, просечната плата континуирано расте, како и пензиите, градиме патишта, изградивме 60 градинки, 60 училишта, полициски станици, ја вративме довербата во полицијата, има концепт за едно општество за сите, Арачиново е концепт на дело, покажавме дека може да има соживот и рамноменрен развој, еднакви услови за живот и во урбаните и руралните средини, не ги делиме граѓаните по ниту еден основ’, рече Спасовски.

Back to top button
Close