Ковид во Србија: И по цели семејства се хоспитализирани во болниците

Во Србија во моментов има над 124 илјади активни случаи на ковид, а од почетокот на епидемијата починале нешто повеќе од 8 800 ковид-пациенти

Ситуацијата со ковид во Србија и натаму е алармантна, според кажувањата на епидемиолозите и лекарите од ковид-центрите. Директорката на ковид-болницата во Батајница кај Белград, Тања Аџиќ-Вукичевиќ, алармира дека немаат повеќе слободни кревети, но и дека кога се ослободуваат тие се пополнуваат за 15 минути. Таа вели дека имаат хоспитализирано и цели семејства.

„Утрово информирав дека имаме слободни 20 кревети, но пред две минути ме информираат дека веќе се пополнети. Се пополнуваат многу брзо, некогаш за 15 минути -вели д-р Аџиќ-Вукичевиќ за РТС.

Таа информираше дека во изминатиот ден хоспитализирале 80 лица, а за претходните седум дена дури 485 лица. Во моментов имаат повеќе од 800 хоспитализирани ковид-пациенти

 

 

Back to top button
Close