Шилегов: Преку апликацијата „Мое Скопје“ граѓаните ќе имаат „мини референдуми“ за сите важни прашања во градот
Градоначалникот на Скопје додаде дека со овие т.н. „мини референдуми“ за важните прашања, гласот на граѓаните ќе биде пренесуван и ќе служи како водилка за градоначалникот и советот. Исто така, со дигитализацијата на администрацијата на Град Скопје и апликацијата „Мое Скопје“ ќе се овозможи граѓаните да имаат комуникација со градот на електронски начин.
„Без редови и шалтери, целиот систем е смислен така, градот да биде првата дигитализирана институција во државата. Тоа ќе им овозможи да довиаат побрза и поефикасна услуга и елиминација на корупцијата“ рече Шилегов.