Лукаревска на средба со тим на „Зенит интернешнл продуктс“, во план отворање нов погон

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска со претставници на компанијата „Зенит Интернешнл продуктс“ разговараше за условите и погодностите за инвестирање во Република Северна Македонија, како и за предизвиците и последиците со кои оваа компанија се соочува во периодот на здравствено – економската криза предизвикана корона вирусот, информираат од УЈП.
-Оваа компанија е основана со странски капитал, има дваесет вработени, и нивниот план е проширување со изградба и отворање на нов погон и вработување на нови лица. Тимот на компанијата посочи дека е корисник на мерката за финансиска поддршка за исплата на плати и изрази голема благодарност за навременоста и ажурноста на Управата за јавни приходи при спроведување на оваа мерка, велат од УЈП.
Оттаму истакнуваат дека УЈП продолжува со партнерскиот однос кон даночните обврзници, и секогаш е отворена за разговори, средби и сугестии






