На мајката која роди под мост во Прилеп ова и е десетто дете, останатите девет биле згрижени во дом!

Бебето и мајката која се породи завчера вечер под мост во Прилеп се во добра состојба, откриваат од одделот за гинекологија и акушерство од ЈЗУ Општа болница Прилеп, каде што тие се моментално згрижени.

Случајот со мајката која што била бездомничка и живеела под мостот на улицата ,,Димо Наредникот” во Прилеп, каде и се породила сама, ја вознемири јавноста. По породувањето жената и бебето биле извадени од брегот на речното корито од страна на противпожарна екипа и биле пренесени во болница.

Како се дозволило бремена жена да живее без кров над глава, под мост, е актуелно прашање кое се провлекува деновиве. Исто така, јавноста прашува што ќе се случи со мајката и новороденчето кога ќе бидат отпуштени од болница и дали веќе е обезбеден дом за ова семејство.

 

Наташа Јованоска, социјален работник во прилепската болница за Фокус информирала дека сите институции се алармирани и соработуваат во случајов, со цел да се најде поволно решение за мајката и бебето. Ова е десетто бебе на родилката, а сите претходно родени деца биле згрижени во дом.

повеќе

Back to top button
Close