Солзавец и водени топови на насилните протести во Брисел

Илјадници луѓе се собраа денеска во центарот на Брисел за да протестираат против заострените мерки што белгиската влада ги воведе за да се спротивстави на големиот пораст на случаи со коронавирус.

Многумина протестираа и против советите да се вакцинираат и можното воведување задолжителна вакцинација, пренесе АП.

Демонстрантите носеа огромен транспарент на кој пишувало „Заедно за слобода“.

 

https://youtu.be/l0QcEOcYKRs

 

Дел од демонстрантите почнаа да ја провоцираат полицијата и да фрлаат секакви предмети кон кордонот специјалци, по што тие возвратија со солзавец и водени топови.

 

Нередите во центарот на Брисел сеуште траат , а помали групи кршат и палат се` пред себе.

 

https://youtu.be/Pu0ZgiLGpLk

 

Засега нема информации за уапсени демонстранти или за повредени во судирите.

Back to top button
Close