Кандидатот за Оскар „Сестри“ е првиот македонски филм што ќе се прикажува на Netflix

Од петок (24.12) светската публика ќе има можност да го проследи и филмот „Сестри“, што воедно е и прво филмско остварување на Дина Дума (30).

Филмот имаше светска премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, а истовремено тој е избран и за национален кандидат за Оскар во категоријата за Најдобар Меѓународен филм.

Во својот прв долгометражен филм „Сестри“, режисерката и ко-сценаристка Дина Дума ги прикажува пресеците на патријархатот, социјалните медиуми, средношколскиот живот и класната нееднаквост. Главната тема во филмот на Дума е онлајн сексуалното вознемирување и последиците од истото врз средношколките.

Back to top button
Close