Повик на МКЦ за учество со проекти за ликовната програма во 2022 година
Младинскиот културен центар објави повик за уметници што сакат да партиципираат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности, како дел од програмските активности на МКЦ за 2022 година.

– МКЦ го задржува правото, по претходна согласност и договор со апликантот, да предложи промена на посакуваниот простор и/или термин за реализација, соопшти Младинскиот културен центар.