Првите американски војници пристигнаа во Летонија, Бајден ќе ѝ се обрати на нацијата
Првите американски војници распоредени заради зајакнување на источното крило на НАТО пристигнаа во Летонија, објави американската амбасада во оваа земја.
Четириесетина американски војници пристигнаа во Летонија од Италија рано изутринава, што е првата група од, како што се очекува, распоредување на повеќе од 300 војници.
Војниците, кои ќе бидат сместени во воената база Адази, во непосредна близина на летонскиот главен град Рига, пристигнале нешто по полноќ по локално време, пред да започнат непријателствата во Украина.
„Американски војници пристигна во Летонија утрово. Првите американски сили беа репозиционирани на Балтикот за да ја покажат посветеноста на САД кон сојузниците и да го зајакнат источното крило на НАТО – се наведува во информацијата на Твитер.
Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот најави прераспределување на војниците во Европа. Според американски официјален претставник, кој побарал да остане неименуван, тоа подразбира испраќање на 800 пешадиски војници во балтичкиот регион и до осум борбени авиони Ф-35 на неколку оперативни локации долж источното крило на НАТО.
За денеска е најавено и обраќање на Бајден до нацијата.