Бајден: Путин одбра војна и сега ќе ги сноси последиците

Американскиот претседател Џо Бајден вечерва по македонско време одржа прес конференција на која рече дека рускиот претседател Владимир Путин сноси целосна одговорност за нападот на Украина и дека Русија ќе се соочи со последиците поради тоа.

-Путин е агресорот. Путин ја избра оваа војна. А сега тој и неговата земја ќе ги сносат последиците, рече Бајден во изјавата во Белата куќа.

Тој ги соопшти санкциите кои САД ќе ги воведат за Русија. САД не го прават тоа сами, рече тој, додавајќи дека 27-те членки на ЕУ и членки на Г7 ќе учествуваат во овие санкции.

Еве ги санкциите што ги најави:

-Ограничување на можностите Русија да прави бизнис во долари, евра, фунти и јени за да биде дел од глобалната економија.
-Запирање на можноста за финансирање и развој на руската војска.
-Нарушување на можноста да се натпреваруваат во високотехнолошката економија на 21 век.

Исто така, САД ги санкционираа руските банки кои заедно имаат имот во САД од околу 1 трилион долари.

-Исто така, блокираме уште четири големи банки. Тоа значи дека секој имот што го имаат во Америка ќе биде замрзнат, рече Бајден.

Back to top button
Close