Видео: Зелeнски се јави од улиците на Киев: Најави дека ќе ја брани Украина
Украинскиот претседател Володимир Зелински на Твитер објави видео од улиците на Киев по гласините во руските медиуми дека побегнал од главниот град.
-Сите сме тука. Ние ја штитиме нашата независност, нашата држава. И ќе продолжиме да го правиме тоа – порача Зелински, опкружен со блиските соработници.