Почина глумецот Ник Кордеро
Познатиот канадско-американски театарски глумец Ник Кордеро почина по неколкумесечна битка со коронавирусот. Имаше 41 година.
Откако пред 95 дена му беше дијагностицирана болеста, глумецот од славниот Бродвеј театар во Њујорк, неколкупати беше вклучен на респиратор. Во април му беше ампутирана десната нога, по што состојбата му стана полоша, особено со слабеењето на белите дробови. На 5 мај, нему му беше извршена операција за отстранување на дел од ткивото во белите дробови. По десет дена се разбуди од вештачки предизвиканата кома заради операцијата.
Тој почина во Седарс-Синај болницата во Лос Анџелес.
Кордеро беше оженет со Аманда Клутс, исто така – глумица. Пред нешто повеќе од една година, тие го добија синот Едуардо.