Еве го писмото со потпис на Груевски што ја оштети државата 20-тина милиони евра, а за кое го тужеше Фрчкоски дека не постои
Еве го писмото со потпис на Груевски, кое тој тврдеше дека го нема и за кое го тужеше професорот Фрчкоски за клевета. Судот експресно пресуди во корист на Груевски без да го земе како доказ ова писмо кое докажува дека Фрчкоски е во право, односно дека Груевски навистина го има потпишано.

Имено, со тоа писмо, Груевски ја поттикнува Хеленик петролеум (сопственикот на Окта) да го раскине договорот со Мамидакис оил. Мамидакис оил ја тужеше Окта за противправно раскинување на договорот, ја доби пред суд во Лондон и државата мораше да му исплати оштета од 20-тина милиони евра.
Во пресудата објавена на интернет (сведочел во Лондон и Груевски како потписник на писмото и Гале Галев како негов советник) судот експлицитно вели дека тоа писмо не е правен основ за раскин на договор и дека Владата неправно се мешала во однос на две приватни компании.
Груевски не одговараше за штетата која со своето незнаење и злоупотреба на функцијата ја направи на државата.
За да го прокрие тоа, тој тужеше секој кој ќе го спомене тоа.
Судијата во тој случај скандалозно одби да го прифати писмото како клучен доказ ( кратко потпа беше унапреден во судија на апелација).
Оштетата која на Груевски му беше досудена, во вредност од 30.000 евра е највисока досега.
Овој скандалозен случај на неправда и притисок врз судството и судиско поданичко однесување беше белег на периодот на авторитарно владеење во Македонија, а жртви беа новинари интелектуалци и др






