Од 1.192 тестови само 48 се позитивни. Починаа две лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.192 тестови, а регистрирани се 48 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 42, Кавадарци – 3, Гостивар – 2 и Прилеп – 1.

Од вкупниот број на позитивни (48), регистрирани се 7 реинфекции.
Регистрирани сe 253 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Куманово – 17, Битола и Прилеп – по 13, Кавадарци – 10…
Од вкупниот број на починати лица ( 2 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата бројот на починати е 9.208, а бројот на активни случаи изнесува 1.834.






