Бугарско-историска комисија: Цар Самоил ќе се чествува заедно со Бугарија

Во Скопје денеска продолжува втората од предвидените пет средби за оваа година на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. На дневен ред се забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.

Информации конкретни за каков напредок е постигнат никој не открива, меѓутоа утринава при пристигнувањето на историската комисијата на Бугарија, пред влезот на МНР, членови на истата одговарајќи на новинарско прашање кратко изјавија дека Цар Самоил ќе има заедничко чествување со Бугарија.

„Цар Самоил е завршена работа. Ќе има заедничко чествување“, изјавија членовите на бугарската историска Комисија.

Состанокот се уште е во тек и се одвива во просториите на македонското МНР. Дали Гоце Делчев ќе стигне на денешната агенда, зависи од времето со кое ќе располагаат, изјавија членовите на историската комисија на Бугарија.

Back to top button
Close