Киев: Цивилите во Буча биле врзани, клекнати на колена, па им се пукало во глава

Носејќи ракавици и маска за лице, Сергеј Матујк доживеа неопислив хорор во последниот месец. Како што пишува „Скај њуз“, неговата работа е да ги закопува телата во украинскиот град Буча, каде што се појавија докази за можни воени злосторства од страна на руските сили.

Крвавите тела – четворица од нив со врзани раце зад грб, сите насилно убиени – беа пронајдени во подрумот на детскиот камп што беше додека руските сили не го претворија во привремена база.

„ Руските војници и нивниот претседател се тирани“, рече Матујк, додавајќи: „Кој се согласил и ја водел оваа војна – тие се нехумани“.

Телата на околу 300 цивили се пронајдени во Буча откако руските трупи ја презедоа контролата врз градот, на околу 16 милји северозападно од Киев, во раните денови на инвазијата, рече Матујк, додавајќи дека сигурно ќе бидат откриени уште тела. Најголем дел од жртвите биле мажи, но според она што го видел, проценил дека околу 30% се жени и деца.

„ За време на најлошото гранатирање, имаше многу тела и ги закопавме во масовни гробници“, рече тој.

„ Беше застрашувачко да се работи во воена зона, но вели: „Навикнати сме да собираме тела под гранатирање“.

Руските трупи конечно се повлекоа од Буча пред околу четири дена како дел од поширокото повлекување од целиот регион на Киев. Но, кога украинските сили се вратија во градот, најдоа тела оставени на улиците и во подрумите.

Back to top button
Close