(Фото) Битолчани на мирен протест против отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“

Битолчани денеска во голем број се собраа во центарот на градот проестирајќи против отварањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“.

 

Во Битола денеска е и премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Полицијата е присутна во голем број за да го обезбдува просторот, не дозволувајќи граѓаните кои протестираат да се приближат до клубот.

Никола Костурски од заедница на Македонците протерани од Грција вели дека протестот не е против бугарскиот народ, туку против бугарската влада која ги негира и не ги признава Македонците, организирани под ОМО Илинден Пирин и покрај оа што има седум пресуди на Судот за човекови права.

фото: независен

Back to top button
Close