(Видео) Паника во БиХ, сите се на улица

Бројни граѓани од Требиње, Зеница и Сараево истрачаа на улиците. Од јачината на потресот се’ се тресеше речиси една минута, а граѓаните кои живеат на повисоките катови пријавуваат дека им паѓале предмети од силниот потрес, објави Аваз.

Дел од оџакот од зградата кај Народниот театар се урна на улицата Маршал Тито, но за среќа нема повредени. Полицијата блокирала дел од улицата, а пристигнале и пожарникари. Ова ќе биде непроспиена ноќ во градот на Неретва.

Мостарчани од страв ги напуштија домовите, а според фотографиите што ги добивме од терен се урнати дел од фасадите на зградите.

Back to top button
Close