Касами: Двајцата пратеници на Беса ќе се приклучат кон иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за блокада

Лидерот на движењето Беса, Билал Касами изјави дека двајцата пратеници од неговата партија ќе и се придружат на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на работата на Собранието. Според него, актуелната власт го има изгубено кредибилитетот, а предвремените парламентарни избори се неизбежни.

– Цениме дека оваа Влада го има изгубено својот кредибилитет по неуспехот да изнуди датум за почеток на преговорите со ЕУ. Имајќи ги предвид економската, енергетската и сите други кризи, ние цениме дека државата треба да оди на предвремени парламентарни избори за волјата на граѓаните да биде преставена во централните институции. Ние сме за активна блокада на Собранието со двајцата наши пратеници, изјави Касами.

 

 

Back to top button
Close