Арсовска не дојде да одговара на советнички прашања, претседателот на советот Славески вели “Не знам зошто ја нема, уредно е поканета
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска не дојде на седницата на Советот на која на дневен ред беа советнички прашања. Зошто Арсовска ја нема никој не знаеше да каже, ниту беше најавено дека ќе доцни. И претседателот на Советот Трајко Славески, кој ги закажува седницате неколу недели однапред, не знаеше зошто градоначалничката не присуствува на седницата., пренесе СДК.

Советниците од СДСМ од говорницата прашаа зошто градоначалничката ја нема, кога овие седници се одржуваат токму за таа да одговори на прашањата кои до нив ги поставуваат граѓаните. Претседателот Славески рече дека нема информација дали ќе дојде Арсовска, но од негова страна е уредно поканета.
…






