АУДИО: Џафери ги загуби нервите, извикува вулгарности кон собраниските службеници

Снимка од денешната пленарна седница на Собранието, на која се слуша како претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, со вулгарности и висок тон им се обраќа на собраниските службениви, вечерва се појави на социјалните мрежи.

Снимката е извадок од преносот на седницата на Собранискиот канал на МРТВ, а во објавите на социјалните мрежи се вели дека таа е направена по завршувањето на седницата. Собранискиот спикер веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот сѐ уште трае.

„Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е.авате мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези!“, извикува Џафери на снимката, пред уште повеќе да го повиши тонот.

 

Back to top button
Close