(ФОТО) Опожарен клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Опожарен е клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, информира Телма.

Сторителите не се познати, а полицијата била повикана рано утринава и увидот се уште е во тек. Опожарена е влезната врата и натписот на кој пишуваше клуб Ванчо Михајлов.

Полициски службеници го обезбедуваат местото.

Клубот беше отворен во април оваа година во присуство на целиот државен врв на Бугарија, што предизвика бура реакции во македонската јавност, најмногу поради името на културниот клуб Ванчо Михајлов кој е докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна.

 

 

Back to top button
Close