Искористете ја можноста да ги почнете преговорите со EУ, вели советникот за национална безбедност на Бајден
Џејк Саливен, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, вели дека Македонија е силен сојузник во НАТО и има со што да придонесе во ЕУ и затоа ги повикува македонските пријатели да ја искористат можноста да ги почнат пристапните преговори со ЕУ.

„Откако се приклучи на НАТО, Северна Македонија е силен сојузник. Исто така може да има важен придонес во ЕУ. Ги охрабруваме нашите пријатели да ја искористат можноста да ги почнат пристапните преговори со ЕУ“, напиша Саливен на Твитер.
Францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија е одобрен од Бугарија и сега се наоѓа во фаза на разгледување во Македонија.






