Дебата без идентитет
Мора да признаам поприлично оптимистички ми делуваше кога во 2016/17 повторно почнаа да никнуваат дебатните емисии кои претходно беа тотално укинати. Сите се сеќаваме дека “слободата на говорoт” претходно ја менаџираа денешните гласни опозиционери. И еве не повторно, после толку години од преродбата на дебатните емисии, никако да се случи реална и содржинска дебата. Ја нема, особено не во Парламентот, особено не во јавната сфера. Никако да се случи политичкиот диајлог, кој во континуитет го бара од нас Европската Комисија – не затоа што сакаат да не слушаат туку затоа што тоа е фундаментален критериум за една демократска земја. Елементарен демократски минимум, Другар(к)и. М и н и м у м.
Летото, Вархеј ја прозва опозицијата да даде свој придонес во дебатата наместо да покренува контроверзни иницијативи и упати порака до оп озицијата да не си подигрува со чувствата на македонските граѓани. Ги повика да делуваат во согласност со тоа што го изјавуваат во врска со ЕУ: …”Искрено се надевам дека сите партии, вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина, дека нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја однесат земјата напред. Ги читав изјавите на опозицијата, тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство на земјата во ЕУ. Ајде да го докажеме тоа“…
Слично, завчера во позитивниот Извештај за напредокот на Северна Македонија, повторно, крајно невообичаено, но реално се случи, ете и тоа, веројатно затоа што “ дојде нож до коска”, нашата опоција повторно беше повикана да се опраи. Повторно, беа повикани да бидат конструктивнни и да се вклучат во политичкиот дијалог посебно околу реформската агенда.
Зошто, овие повици ? Па затоа што една од клучните задачи на политичките елити, независно дали се од власт или опозиција, е да бидат отворени за своите идеи кон гласачите и јасно да им ги кажат своите ставови на граѓаните за идните перспективи на државата, и за тоа кои се врвните преоритети и цели.
За некој мали периферни политички партии кои на секој начин сакаат да привлечат внимание имам разбирање за нивното голтање пламен, кажување вицови и изведувањето на други видови циркузантски атракции, НО, најголемата опозициска партија, која доолги години беше на власт никако тоа да го свати.
До толку не сваќаат , што постојано мора да бидат опоменувани да се опраат.
Никако да разбереат дека патриотските лаги со кои го бомбардира своето гласачко тело со единствена цел да дојдат на власт има големи шанси да не срамни сите нас со земја.
Овие мајтапења колку и да звучеа романтичарски па и симпатично, во некои времења можеа да пројдат безболно, но, денес, кога се наоѓаме во една фаза каде се оценува државата, каде сериозно и забрзано почнуваат скрининзите околу преговарачкиот процес за прием во ЕУ, ваквите екскурзии се тотално неодговорни и самоубиствени. Тие имаат толку широк дострел, во контекст на актуелните глобални околности, така што сите може да не снема – па, кај ќе ги барате и браните македонските македонци тогаш?
Само да се потсетиме…Љубчо во почетокот на деведесетите ветуваше дека следниот Конгрес на неговата партија ќе се одржи во Солун. Никола не убедуваше дека живееме во земја со највисок степен на слобода на говорот и дека сме центар на странските инвестиции,(жолтите комбиња се обидувам да ги заборавам, не ми успева…) и сега Христијан ветува раскинување на договорите со соседите, а истовремено зборува дека НАТО и ЕУ се наша најголема стратешка цел ?!!!?
Ова, освен што е контрадикторно, крајно неодговорно е. Прво спрема гласачите на ВМРОДПМНЕ; а секако и спрема сите граѓани, да повторам – во вакви безбедносни околности какви ги сведочиме денес.
Овие неодговорни “wannabe” ставови (секако ставови тие не се – затоа што им отсуствува конзистентност) паралелно се потрекупаат со лажните вести и полувистините (на кои секако фактите им се слабост), но, и со конструкции кои се дисемнинираат преку теледиригираните портали. Се некои едикоиси политички аналитичари, експерти го трујат народот, особено вмровското гласачкото тело со приказни кои немаат никаква врска со реалноста. Таква е приказната за губење на идентитетот на македонецот -лажна до срж!
Како и да е, едно прашање останува особено важно : како да се дојде до реалната дебата, до толку потребниот полтички дијалог, ако не се знае сопствениот идентитет ? Или, кој е политичкиот идентитет на најголемата опозициска партија ? Кој е нивниот вистински идентитет? Кои се вредностите зад кои стојат? Дали ги почитуваат придобивките од политиките со кои станавме рамноправни членки на НАТО и дали ги подржуваат политиките кои ја водат нашата држава кон членство во ЕУ? Дали ?!
Било кој одговор на овие прашања е сосема легитимен доколку е консистентен. Но, не е ! Било кој одговор повлекува и огромна политичка одговорност да биде соодветно аргументиран. Но, тоа не се случува, напротив!
Во вакви околности, во кој најголемата опозициска партија, делува како мува без глава (или само така “делува”) невозможен е политички дијалот. Кажете им на ЕК и на Вархеј да не се занесуваат, дека џабе везат. Кажете им дека дебата без идентитет, едноставно, не е можна!
Се дотогаш, ќе гледаме и слушаме лажги со опашки, ќе слушаме и гледаме недолични и психотични егзибиции во Парламентот и на другите форуми, ќе гледаме узурпации на јавноста, а секако никој неможе да ни го одземе правото да го сонуваме политичкиот дијалог. Сон, во кои може да го видме и сопственото паѓање на заби.
За тие што ги инетересира, во политичките науки Другар(к)и ова соостоба на остуство на полемизирање/дебатирање/ политичко конфротирање/ се именува како пост-политичка ситуација. А тоа е таква ситуација во која се укинува самата политика. Имено, се укинува политичката антагонизација (Muffe) толку нужна за демократската делиберативност (Habermas). Затоа и се смета како common sense дека без политички дијалог (заснован на аргументации, а не на фикции, лаги и е егзибициски перформанси, ) неможе да се гради демократијата. Оттука и ЕУ толку инсистира на тој полтички дијалог. Таквиот дијалог би морал да ја вклучи опозицијата – но, таа во моментов е недозреана, неосознаена, и го го нема уврдено јасно својот идентитет. До тогаш, прифатете дека нема дебата без идентитет.
Ана Чупеска