Ахмети: Дефиницијата „дваесет отсто“ беше компромис во 2001 г. за да не и се наштети на суштината на Рамковниот договор

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети,по маратонскиот состанок на претседателството на партијата, од новинарите беше прашан дали ќе има средба со политичките партии на Албанците во врска со измените на Уставот и евентуална замена на формулацијата за јазик што го зборуваат најмалку дваесет отсто од граѓаните со албански јазик.Тој рече дека состаноци од таков карактер се добри и дека се во постојана комуникација со сите политички партии, како и со меѓународната заедница.

Според Ахмети, ова е историски момент и за државата и историски момент за сограѓаните Македонци бидејќи, како што кажа, ќе бидат легитимирани меѓународно како нација.

„Тоа е историски момент за нашата земја, тоа е историски момент за нашите македонски сограѓани, тие да бидат легитимирани меѓународно како нација, како идентитет, како култура и ако успееме да изменаџираме со успех и да се разбереме и да го разбереме историскиот момент, нашите сограѓани, политичките партии што ги претставуват нашите сограѓани, навистина, би било извонредно достигнување за заедницата и нашите македонски сограѓани, затоа што тие, конечно, ќе се легитимират и никогаш нема да бидат оспорени како заедница. Така како што успеавме и сме биле дел од придонесот да се признае македонската црква, како што сме биле соработници да ги затвориме споровите со грчката страна, така ќе бидеме соработници и помошници за успешно затворање и на прашањата со бугарската страна“ рече Ахмети.

Дефиницијата „дваесет отсто“, според Ахмети, е компромис што е направен во 2001 година со цел да не и се наштети на супстанцијата на мировниот Охридски договор. Ахмети додаде дека дискутирале и со ВМРО ДПМНЕ и со СДСМ дека во вистинскиот момент кога ќе има 80 гласа, ,,овој проблем може и да се поправи”.

Back to top button
Close