Болницата Жан Митрев целосно ги демантира информациите за продажба на клиниката
Клиничката болница Жан Митрев ги демантира информациите пласирани во медиумите за продажба на клиниката на извесен бизнисмен од Република Албанија.
Официјален и единствен сопственик е д-р Жан Митрев, кој и покрај обидите за дискредитација и црна кампања со цел да се наштети на клиничката болница Жан Митрев и стручниот тим од доктори и медицински лица во изминатиот период, ја води оваа болница и ќе продолжи да раководи со истата транспарентно и одговорно како што и било пракса во изминатите 22 години постоење на Клиничката болница Жан Митрев – стои во нивниот демант испратен до медиумите.