Абази: Сликата со брат му на Ахмети ни е од свадба во Зајас

За фотографија на обвинителот Ислам Абази со братот на лидерот на ДУИ Али Ахмети тој рече дека сликата е свадбарска.

„По однос на другите фотографии, јас и моите родители потекнуваме од Зајас. Тоа е село како што знаете и се случува јас и моите родители да бидеме поканети со многу луѓе на иста свадба или настан. На таа фотографија со братот на Ахмети, сме повикани на свадба. Сме се сретнале таму, и тоа е. На тие свадби ние никогаш не сме зборувале ни за предмети, ниту пак за политика“, кажа тој.

Back to top button
Close