Десет линии на „Слобода превоз“ од понеделник во мирување

Скопјани од понеделник со нови проблеми. „Слобода превоз“ почнува со штрајк и десет линии со кои тие оперираат нема да возат по градските улици – линии кои скопјани често ги користат за да стигнат до своите работни места или домови, пишува Телма.

Причина е лошата финансиска состојба на сопствениците на автобусите, бидејќи со месеци се без плата, а ЈСП не го подмирува долгот од околу еден милион евра кон „Слобода превоз“ .

 

Откако не падна договор, превозниците преку тужба за директорот на ЈСП ќе го решаваат проблемот.

Градот Скопје го раскина договорот со приватните превозници поради нехигиенски и неипсравни автобуси.

Инаку пред месец дена за првпат од формирањето на ЈСП Скопје остана без јавен превоз, бидејќи вработените стапија во колективен штрајк поради неисплаени плати.

Повеќе

Back to top button
Close