Роналдо достигна 500 милиони следачи на Инстаграм
Кристијано Роналдо e официјално најпопуларната личност на Инстаграм, со најмногу следачи. Тој, имено, е прв кој собра 500 милиони луѓе во таа своја листа.

Овој фудбалер, всушност, има 124 милиони повеќе следбеници од Леонел Меси, кого го следат 376 милиони луѓе. А пак, третата најследена личност на Инстаграм, Кајли Џенер има 372 милиони следбеници. Роналдо до круглата бројка стигна благодарение на фотографијата со Меси што ја објави пред два дена и која за краток период собра 37 милиони лајкови.
Инаку, ѕвездата на Манчестер јунајтед, од своја страна, следи нешто повеќе од 500 профили на Инстаграм.
![]()
Според проценките, Роналдо заработува околу 2,3 милиони долари по платена објава на оваа платформа. Фудбалерот често ги рекламира фирмите со кои има договори и своите брендови, а објавува и семејни фотографии.






