Манчестер Ј. и официјално се раздели со Роналдо: Договорот стапува во сила веднаш

Португалскиот фудбалски репрезентативец и доскорешен член на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо го раскина договорот со премиерлигашот од „Олд Трафорд“, соопштија медиумите од Островот.

„Кристијано Роналдо го напушта Манчестер јунајтед и тоа веднаш стапува во сила. Клубот изразува благодарност за неговите 145 постигнати гола во 346 натпревари во два наврата и нему и на неговото семејство му посакува се најдобро. Клубот останува фокусиран на тимски напредок под водство на Тен Хаг“, објави Манчестер Ј.

Роналдо се врати во Манчестер во минатото лето, кога го сакаше и Сити, но сер Алекс Фергусон не дозволи Португалецот да заврши во синиот дел на градот.

Back to top button
Close